Интер го официјализираа трансферот на германскиот дефанзивец Јан-Аурел Бисек од данскиот Архус, плаќајќи ја откупната клаузула од 7 милиони евра на три рати. 22-годишниот Бисек е централен бек и капитен на германската У-21 репрезентација, а поради својата височина од 1.96 метри е познат како „планината која оди“.
Бисек е роден во Келн од родители кои потекнуваат од Камерун, и е продукт на младинската академија на Келн. Тој исто така играше и за Рода во Холандија и Виторија Гимараеш во Португалија, пред да се пресели во Архус во 2021.
Бисек е трето засилување за Интер по пристигнувањето на слободниот агент Маркус Тирам и купувањето на Давиде Фратези од Сасуоло.
Willkommen 🇩🇪#ForzaInter #WelcomeYannAurel
— Inter (@Inter_en) July 12, 2023