Јапонскиот спонзор Ракутен со протест по видеото на Дембеле и Гризман

Јапонскиот спонзор Ракутен со протест по видеото на Дембеле и Гризман

пред 3 години

Еден од најголемите спонзори на Барселона, јапонскиот Ракутен официјално протестираше за однесувањето на Усман Дембеле и Антоан Гризман по видеото кое се појави на социјалните мрежи неодамна, додека ко-основачот на компанијата, Хироши Микитани го нарече тоа „неприфатливо“ однесување.

Во видеото, кое се верува дека е направено во 2019 кога Барселона имаше турнеја во Јапонија, Дембеле се потсмева со техничарите и со нивниот изглед, а Гризман се смее. Двајцата се извинија и демантираа дека се расисти, но Ракутен, компанијата која го создаде популарниот „Вајбер“ и која е спонзор на дресовите на Барса.

„Како спонзор на клубот и организатор на турнирот, навистина жалам што фудбалерите на Барселона прават вакви дискриминирачки коментари. Ракутен е спонзор на Барселона и ситуацијата е неприфатлива“, вели Микитани.

Дембеле и Гризман се извинија и тврдат дека не се расисти

Share
Scroll to Top