Ја извадија од памет, па се преправаше дека слави!

Ја извадија од памет, па се преправаше дека слави!

пред 4 години

Лудата прослава на Атила Фиола по постигнувањето на гол за Унгарија против светскиот шампион Франција ја „извади од памет“ репортерката која седеше покрај теренот на „Пушкаш арената“, но таа сепак, успеа да се соземе и барем да „глуми“ дека се радува.

Фиола ги воодушеви 60-те илјади унгарски фанови на стадионот со фантастичниот гол против првите фаворити на ЕУРО 2020, по што излета покрај теренот и удри со тупаница на масата на новинарката, која по првичното изненадување, почна да слави.

Share
Scroll to Top