Беше шампион во германската Бундеслига, играше со Србија на фудбалски Мундијал, а сега ќе се бори за опстанок во австриската лига. Се споменуваше како ново засилување за тимот на Јирген Клоп, ама од тоа не излезе ништо.
Се работи за дефанзивецот Невен Суботиќ кој го засилува австриски Алтах. Медиумите во оваа земја објавија дека се е завршено, но Суботиќ се уште не е промовиран во новиот клуб.
Во два наврати Суботиќ беше шампион во Бундеслигата, светска афирмација доживеа во Борусија Дортмунд, има 32 години, се уште во полна сила пред се за позицијата стопер, па затоа изненадува фактот што оди во не така познат клуб.
По авантурата со „милионерите, Србинот се пресели во Сент Етјен, па во Унион Берлин, а последната епизода ја имаше во турски Денизлиспор.