Јовановиќ доби отказ, Терим ќе биде новиот тренер на ПАО

Јовановиќ доби отказ, Терим ќе биде новиот тренер на ПАО

пред 9 месеци

Фудбалскиот клуб Панатинаикос му врачи отказ на Иван Јовановиќ. Нов тренер на ПАО треба да биде славниот Турчин, Фатих Терим.

Јовановиќ, во 2021 година пристигна во Атина и со тимот кој беше на средината на табелата и се вмеша во борбата за шампионската титула, која на крајот му припадна на градскиот ривал АЕК.

Со Јовановиќ, Панатинаикос сезонава играше во Лига Европа, откако не успеа да ја елиминира Брага во плеј-офот за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.

„Зелените“, во Лига Европа, во конкуренција на Виљареал, Рен и Макаби Хаифа завршија на последното место со само четири бода.

Во грчкото првенство, ПАО е втор со бод помалку од лидерот ПАОК.

Клубот од Атина веќе најде замена за Јовановиќ, а тоа е легендарниот турски тренер Фатих Терим. 70.годишниот Терим е без работа од 202 година кога си замина од Галатасарај.

Share
Scroll to Top