Јуве без Роналдо ќе ја пречека Барселона

Јуве без Роналдо ќе ја пречека Барселона

пред 4 години

Вечерва со натпреварите во групите А,Б, Ц и Д започнува второто коло во Лигата на шампионите. Актуелниот шампион Баерн ќе гостува во Москва, а во дербито Јувентус ќе ја пречека Барселона.

Јувентус и Барселона во новата сезона влегоа со нови тренери, Андреа Пирло и Роналд Куман и на двајцата не им оди најдобро. Јувентус нема пораз од стартот на сезоната, но два пати играше нерешено, против послеби противници (Кротоне и Верона). Барселона по добриот старт врза два порази од Хетафе и Реал.

Кристијано Роналдо ќе го пропушти натпреварот, тој се уште е позитивен на коронавирусот. Неговото отсуство значи дека фудбалските фанови ќе почекаат да вдат нов дуел помеѓу него и Лео Меси. Последне пат еден против друг играче пред речиси две и пол години.

Во Б-групата, фаворитите Реал и Интер немаат право на грешка. Реал по поразот од Шахтјор ќе гостува во Менхенгладбах, а Шахтјор ќе го пречека.

Внимание во оваа рунда привлекува и мечот во Бергамо помеѓу Аталанта и Ајакс.

Лига на шампиони, 2.коло:

Група А:

Локомотив Москва-Баерн Минхен 18.55
Атлетико Мадрид-Салцбург 21.00

Табела: Баерн 3, Локомотив 1, Салцбург 1, Атлетико 0

Група Б:

Шахтјор-Интер 18.55
Борусија Менхенгладбах-Реал Мадрид 21.00

Табела: Шахтјор 3, Интер 1, Борусија 1, Реал 0

Група Ц:

Порто-Олимпијакос 21.00
Марсеј-Манчестер сити 21.00

Табела: Манчестер сити 3, Олимпијакос 3, Марсеј 0, Порто 0

Група Д.

Ливерпул-Митјиланд 21.00
Аталанта-Ајакс 21.00

Табела: Аталанта 3, Ливерпул 3, Ајакс 0, Митјиланд 0

Share
Scroll to Top