Јуве врати во Торино „дете на клубот“, ама на позајмица

Јуве врати во Торино „дете на клубот“, ама на позајмица

пред 3 години

Италијанскиот напаѓач Моисе Кин (21) е нов фудбалер на Јувентус.

Кин доаѓа на едногодишна позајмица од Евертон со право на откуп од една сезона.

Младиот напаѓач е „дете на клубот“ затоа што ги помина сите младински категории со „бјанконерите“.

Кариерата ја почна во 2017 година и една сезона помина на позајмица во Верона.

Јувентус за 27,5 милиони евра го продаде во Евертон, во 2019 година, но Италијанецот таму не се прослави.

Минатата сезона ја помина на позајмица во ПСЖ.

Share
Scroll to Top