Јуве им го „краде“ Депај на Барса?

Јуве им го „краде“ Депај на Барса?

пред 3 години

Барселона добија вистинска конкуренција во обидот да го добијат потписот на холандскиот напаѓач на Лион, Мемфис Депај во јануари, откако Јувентус подготвуваат понуда за човекот чиј договор завршува во текот на летото и може да биде достапен за околу 5 милиони евра.

Лион признаваат дека се во проблематична финансиска состојба и дека може да се разделат со Депај, кој претходно изјавуваше дека би сакал да работи повторно со Роналд Куман, кој постојано му даваше шанса додека беше холандски селектор.

Барселона планираше да почека да го добие Депај со бесплатен трансфер во текот на летото, поради нивните финансиски проблеми и изборите за претседател кои треба да се случат во јануари, но Јувентус би сакале да го засилат своето напаѓачко трио Роналдо-Дибала-Мората. Тимот на Андреа Пирло исто така е во игра за Аркадијуш Милик од Наполи, но тука се наидува на проблемот на отштетата која ја бара Наполи.

Share
Scroll to Top