Јуве и Барса „играа“ дерби и на социјалните мрежи

Јуве и Барса „играа“ дерби и на социјалните мрежи

пред 3 години

Јувентус и Барселона синоќа го одиграа дербито во второто коло, во Лигата на шампионите. Барселона победи со 2:0, со головите на Дембеле и Меси од пенал. Во текот на дербито свој „натпревар“ имаа и администраторите на Твитер профилите, на двата тима.

Каталонците во текот на мечот испратија провокација, која се однесуваше на неиграњето на Кристијано Роналдо.

„Многу ни е драго што имате можност да го гледате најдобриот на сите времиња на вашиот терен“.

Администраторот на Јувентус експресно одговори на провокацијата.

„Сигурно сте го отвориле погрешниот речник, најдобриот на сите времиња ќе ви го донесема на Ноу Камп“.

Овие меѓусебни провокации беа доволни да започне нова дебата на социјалните мрежи, околу тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Share
Scroll to Top