Манчестер јунајтед повторно се заинтересирани за данскиот фудбалер од средниот ред Кристијан Ериксен, кој би сакал да стави крај на 11-месечниот кошмар во Интер и да се врати во Премиер лигата, јавува британскиот „Сан“.
28-годишниот Данец во јануари пристигна во Милано од Тотенхем, и покрај тоа што тренерот на Интер, Антонио Конте не го побара неговиот трансфер, и оваа сезона има само 274 одиграни минути во Серија А. Единствен проблем е што Интер бараат околу 30 милиони евра за Данецот.
За Ериксен се заинтересирани и Арсенал и Пари Сен-Жермен, но Интер ги одбива сите можности за трампа со други фудбалери, иако преговорите со Манчестер јунајтед им одеа добро во минатото по трансферите на Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.