Јута не запира, Кари го торпедираше Кливленд, Бруклин без Дурент победија во Сакраменто

Јута не запира, Кари го торпедираше Кливленд, Бруклин без Дурент победија во Сакраменто

пред 4 години

Јута Џез славеа над Филаделфија 134:123, во дуелот на водечките тимови во Источната и Западната конференција во НБА лигата. Јута се во серија од осум победи, најдобриот тим во лигата има 19 поебеди на последните 20 натпревари.

Дуелот на водечките екипи во своите конференции го обележаа Бен Симонс и Џордан Кларксон.

Џордан Кларксон ја предводеше Јута со 40 поени. Тој сериозно ја истакнува кандидатурата за најдобра шестти играч во лигата. Во отсуство на Џоел Ембид, Филалдлефија ја предводеше Бен Симонс со 42 поени, шест поени помалку постигна Тобајас Херис.



Без Кевин Дурент, Бруклин Нетс, во Калифорнија, ги победија Сакраменто Кингс со 136:125. Кајри Ирвинг постигна 40 поени, а Џејмс Харден забележа трипл-дабл од 29 поени, 13 скока и 14 асистенции.

На спротивната страна доминираше Хасан Вајтсајд со 26 поени, 16 скокови и пет блокади.

Голден стејт Вориорс ги декласираа Кливленд Кавалирс со 129:98. Блескаше Стеф Кари со 36 поени и шест асистенции. Кари постигна седум тројки од 11 обиди. Покрај Кари се истакна и Дрејмонд Грин со 16 асистенции и по осум поени и скокови.

Резултати:

Индијана-Чикаго 112:120
Вашингтон-Хјустон 131:119
Њујорк-Атланта 123:112
ЛА Клиперс-Мајами 125:118

Share
Scroll to Top