Ќелавиот Алкараз во три сета го мина Опелка на Ју-ес опен

Ќелавиот Алкараз во три сета го мина Опелка на Ју-ес опен

пред 6 месеци

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз изненади со новиот имиџ на Ју-ес опен. Ќелавиот Алкараз во три сета (6:4, 7:5, 6:4) го победи Американецот Рејли Опелка.

Следниот ривал е Матија Белучи, 65-ти во светот. Кинезот Шанг му се предаде во моментот кога Италијанецот водеше со 7:6 (7:0), 6:3, 3:0.

Алкараз пред почетокот на мечот со Опелка откри зошто решил да го смени имиџот.

„Сакав да бидам свеж за турнирот, да биде нешто ново, да го започнам турнирот на правилен начин. Мислам дека ова одговара на Отвореното првенство на САД“, рече Алкараз.

Foto/ EPA/BRIAN HIRSCHFELD

Share
Scroll to Top