Ќе има ли место за Марсијал и Ван де Бек во „обновениот“ Јунајтед?

Ќе има ли место за Марсијал и Ван де Бек во „обновениот“ Јунајтед?

пред 3 години

Антони Марсијал и Дони ван де Бек немаат сигурно место во обновениот тим на Оле Гунар Солскјер ова лето, откако „ЕСПН“ тврди дека почнува новата фаза во градењето на тимот на Манчестер јунајтед.

Според „ЕСПН“ ќе бидат разгледани сите реални понуди за фудбалерите во текот на летото, но Солскјер очекува главниот состав на тимот да му остане, со веројатите засилувања Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Рафаел Варан од Реал Мадрид.

За 24-годишниот Ван де Бек, „ѓаволите“ платија 40 милиони фунти минатото лето, и по тешката сезона, тој е подготвен да остане и да се бори за место во тимот, додека посериозна е ситуацијата за Антони Марсијал, кој се повреди во март, и кој најверојатно би бил само играч од клупата по пристигнувањето на Санчо.

Диого Далот и Андреас Переира, кои беа на позајмица во Милан, односно Лацио, најверојатно ќе заминат од тимот, додека за Џеси Лингард, по импресивната половина сезона со Вест хем уште не е донесена одлука.

Share
Scroll to Top