Џа Морент ги однесе Мемфис во плејофот – Кари и Вориорс потклекнаа во продолжението

Џа Морент ги однесе Мемфис во плејофот – Кари и Вориорс потклекнаа во продолжението

пред 3 години

Мемфис Гризлис со победата над Голден стејт Вориорс, во продолжението, 117:112, изборија пласман во плеј-офот. Џа Морент е херојот на Мемфис, тој ги постигна клучните поени за победа. Мемфис во првата рунда ќе играат против Јута Џез.

Натпреварот за осмото место во Западната конференција донесе востинска драма во последните две минути од регуларниот дел на натпреварот. Вориорс на волшебен начин успеаја да го надополнат минусот од седум кошеви, а Дрејмонд Грин со звукот на сирената не погоди за победа.

Вориорс водеа во дополнителното време, кога на сцена стапи Морент, кој со два коша во последните 48 секунди го реши победникот.

Морент натпреварот го заврши со 35 поени и по шест скока и асистенции. На спротивната страна Стеф Кари постигна 39 поени.



Share
Scroll to Top