Џеко и Пјаниќ не сакаат да играат на пријателскиот меч против Русија

Џеко и Пјаниќ не сакаат да играат на пријателскиот меч против Русија

пред 2 години

Фудбалската федерација на БиХ сите ги остави без зборови објавувајќи дека прифатиле понуда од Русија да одиграат пријателски натпревар. Натпреварот е закажан за 19 ноември во Санкт Петербург, а веќе се поставува прашањето кој ќе го игра тој натпревар.

Најголемите ѕвезди Един Џеко и Миралем Пјаниќ не сакаат да го играат тој меч.

„Јас сум против да се игра додека страдаат невини луѓе. Секогаш сум само за мир и сакам да се солидаризирам со народот на Украина во овие тешки моменти за нив“, им соопштил Един Џеко преку својата прес-служба на челниците на босанскиот фудбал.

„Ова не е добро, немам зборови. Нема да играм сигурно“, возвратил Пјаниќ од Саудиска Арабија, каде неодамна потпиша за клубот Шарјах.

Share
Scroll to Top