Џеко на шега: Од овој Коларов не можам да се „откачам“ каде и да одам

Џеко на шега: Од овој Коларов не можам да се „откачам“ каде и да одам

пред 3 години

Фудбалскиот репрезентативец на БиХ, Един Џеко е воодушевен што ќе ги брани боите на италијанскиот шампион Интер. Но тој на шега на новите соиграчи им откри дека никако не може да се „откачи“ од српскиот интернационалец, Алекандар Коларов со кого беа соиграчи и во Манчестер Сити, и во Рома, а сега и на „Џузепе Меаца“.

„Често сме во контакт и заклучивме дека никако не може да се `откачиме` еден од друг. Го познавам многу добро, сјајно момче е и многу сум задоволен што повторно сме соиграчи“ рече Џеко.

Коларов и Џеко ја делеа соблекувалната во Манчестер Сити од 2011 до 2016 година, а потоа им се вкрстија патиштата во Рома, од 2017 до 2020 година. Сега се заедно во Интер.

Share
Scroll to Top