Џеко не им е потребен на Манчестер сити

Џеко не им е потребен на Манчестер сити

пред 3 години

Менаџерот на водечкиот тим во Премиер лигата, Манчестер сити, открил зошто клубот одбил да го врати на „Итихад“, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко.

Џеко, деновиве е актуелен во фудбалската јавност, медиумите тврдат дека до крајот на преодниот рок ќе ј напушти Рома. Клубот го стави напаѓачот на трансфер-листата, откако тој имал вербална расправија со тренерот Фонсека.

Манчестер сити бил еден од клубовите на кој му бил понуден Џеко.

„Немаме потреба од нов напаѓач. Не сакам да им правам дополнителен притисок на Серхио Агуеро и Габриел Жесус. И останатите играчи се добри во нападот, сезонава 13 играчи постигнувале голови. Во некои натпревари потребен ми е напаѓач, значи Ауеро или Габриел, додека во некои натпревари сакам да играм без класичен напаѓач. Значи во овој момент нов напаѓач би бил само непотребен вишок, рекол Пеп Гвардиола.

Манчестер сити, попладнево, во Премиер лигата ќе го пречека Шефилд јунајтед.

Share
Scroll to Top