Џек Грилиш е новиот Гаскоњ! (по добрите работи)

Џек Грилиш е новиот Гаскоњ! (по добрите работи)

пред 3 години

Капитенот на Астон вила, Џек Грилиш доби само позитивни критики од англиските фудбалски фанови откако беше најдобар на теренот при 2:0 поразот од Белгија, а капитенот на Вотфорд, Трој Дини го спореди со легендарниот Пол Гаскоњ.

Гери Линекер на Твитер напиша кратко дека е вистинско задоволство да се гледа играта на Грилиш во англискиот дрес, додека Дини отиде чекор понатаму и го спореди со Гаскоњ.

„Џек е фудбалер без страв. Ја сака топката во секоја ситуација, не е важно кој е противникот. Сака да ја води играта и да се наметне. Кажав и претходно и ми се смееја, но тој за мене е најблиску Англија што имала до Гаскоњ. Одамна не сме виделе таков фудбалер кој сака да ја сврти играта сам“, вели Дини.

Местото на 25-годишниот Грилиш во англиската репрезентација не е гарантирано, бидејќи селекторот Герет Саутгејт повеќе се потпираше на Рахим Стерлинг и Маркус Рашфорд, и мечот против Белгија му беше прв старт.

Share
Scroll to Top