Фудбалерите на Џирона на домашен терен ја победија Алмерија со 5:2, со што го искористија киксот на Реал и се израмнија со Реал на челната позиција.
Една од „најлудите“ 45 минути сезонава беше видена на Монтилви, овој дел од играта заврши со водство на домашните со 3:2, иако гостите водеа со 2:0.
Џирона со три експресни гола направи пресврт, а подоцна со уште два гола стави точка на мечот и обезбеди нова победа, осма во десет натпревари.
Тимот на тренерот Мичел потврди дека е најпријатното изненадување во сезоната.
Мечот започна шокантно за домашниот тим, со двата гола на Лео Баптисто, во 2. и 24. минута.
Џирона ја презеде целосната контрола на натпреварот со головите на Мартин во 37. минута и Довбик во 39. и 43. минута.
Во вториот дел Савио и Стуани стави точка на натпреварот.