Џорџ Расел ја освои Големата награда на Азербејџан

Џорџ Расел ја освои Големата награда на Азербејџан

пред 2 часа

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Азербејџан. Британецот триумфално го заврши викендот во Баку, во кој доминираше од првиот тренинг. Расел ја забележа осмата победа во кариерата, а прв пат во кариерата до неа дојде таканаречениот Гренд слем, стартуваше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг и го возеше најбрзиот круг во трката.

Траката низ улиците на Баку ја обележа ужасната реакција на Франко Колампинто во моментот кога возилото за безбедност ја напушти патеката, кога од трката се исфрли самиот, го исфрли возачот на Мекларен Ландо Норис и му ја уништи трката на клупскиот колега Пјер Гасли.

Исто така долго ќе се зборува за контраверзната одлука на дирекцијата на трката, кога дозволија тркање и покрај тоа што Валтери Ботас го паркира својот болид во 15 кривина. Тука му дадоа шанса на Ферстапен дури и да го победи Расел.

Што се однесува до самата трка, на врвот Расел немаше никакви проблеми, го контролираше темпото, се одвои на 10 секунди од ривалите, додека зад него се одвиваше вистинската битка за второто место.

Ферстапен беше во потера по Оскар Пјастри, кој успешно зад се бе го држеше и Ферстапен и Исак Хаџар.

Ситуацијата на патеката драстично се смени откако Алекс Албон удри во ѕидот, а возилото на безбедност излезе на патеката. Предноста на Расел се истопи, но на рестартот го задржа првото место. Потоа имаше уште еден рстарт откако Колапинто предизвика инцидент.

12 кругови Ферстапен се обидуваше но немаше шанси да се носи со темпото на Расел.

Покрај Расел, Ферстапен и Хаџар бодови во Баку освоија и Шарл Леклер, Кими Антонели, кој стартуваше од 16-то место, не направи многу но развојјот на настаните му овозможија да дојде до петтото место.

Зад лидерот во генералниот пласман следуваа Луис Хамилтон, Арвид Лимблад, Естебан Окон, Оливер Берман и Карлос Саинц.

По трката во Баку, а во пресрет на Големата награда на Бахреин, која наредната недела ќе се вози во Малезија, Антонели и 66 поени повеќе од Расел.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top