10 најпосакувани играчи кои стануваат слободни агенти на крајот од сезоната

10 најпосакувани играчи кои стануваат слободни агенти на крајот од сезоната

пред 10 месеци

Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) состави листа на десет најдобри играчи во светот чии договори истекуваат на крајот од сезоната. Очекувано, на прво место е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Прашање е каква одлука ќе донсе Мбпае. Наводно, во Париз уште еднаш се подготвени да стават договор со огромна сума пред него и да се обидат уште еднаш да го убедат да остане во клубот.

Стоперот на Атлетико, Марио Ермосо (28) е втор на листата на ЦИЕС, пред играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабиот.

Од 1995 година, ЦИЕС објавува истражување за фудбалот врз основа на анализа на серија статистички податоци. ЦИЕС е основан пред 28 години од ФИФА, Универзитетот во Нојшател и градот Нојшател.

Списокот на ЦИЕС со 10 најпосакувани играчи кои стануваат слободни агенти на крајот од сезоната:

1. Килијан Мбапе (ПСЖ, напаѓач)
2. Марио Ермосо (Атлетико, дефанзивец)
3. Адриен Рабио (Јувентус, играч од средниот ред)
4. Мехди Тареми (Порто, напаѓач)
5. Фабијан Шер (Њукасл, дефанзивец)
6. Коке (Атлетико, играч од средниот ред)
7. Тони Крос (Реал Мадрид, играч од средниот ред)
8. Хенрих Мхитарјан (Интер, играч од средниот ред)
9. Оливие Жиру (Милан, напаѓач)
10. Лука Модриќ (Реал Мадрид, играч од средниот ред)

Share
Scroll to Top