14-дневна пауза за Давид Силва

14-дневна пауза за Давид Силва

пред 3 години

Давид Силва, поради повреда на препоната на левата нога, ќе отсуствува од тимот на Реал Сосиедад во наредните две недели. 34-годишниот фудбалер се повредил на гостувањето кај Кадиз, во неделата.

Давид Силва, во летниот преоден рок, како слободен играч од Манчестер сити пристигна во сан Себастијан.

Ветеранот е еден од најзаслужните за импресивниот влез во сезоната на Реал Сосиедад. Овој тим е лидер на табелата во Ла Лига, со два натпревари повеќе и а три поени плус во однос на Атлетико Мадрид.

Извесно е дека Силва нема да игра во четврток, во Лига Европа, против АЗ Алкмар и во недела против Виљареал, во Ла Лига.

Share
Scroll to Top