20 атлетичари се дисквалификувани од Олимписките игри во Токио поради пропустите направени на допинг тестовите. Десетмина од дисквалификуваните се од Нигерија. Сите добија забрана за настап на ОИ, бидејќи не ги задоволиле стандардите на анти-допинг контролата, објави Единицата за интегритет во атлетиката (АИУ).
Атлетичарите кои се дисквалификувани доаѓаат од земјите кои според рангирањето на АИУ се наоѓаат во „А категоријата“ и чии претставници мора да бидат тестирани три пати во рок од три месеци пред почетокот на некое големо натпреварување.
Нигарија ќе биде значително ослабена, бидејќи во Токио допатува со 23 атлетичари, од кои 10 добија забрана за настап. За среќа на Нигерија меѓу дисквалификуваните не спринтерката, Блесинг Окагбаре, која е фаворитка за медал на 100 метри.
АИУ објави дека се дисквалификувани двајца атлетичари од Кенија, по тројца од Белорусија и Украина и по еден од Етиопија и Мароко.