3.000 евра казна за Теодосиќ, навредуваше судија, па доби техничка

3.000 евра казна за Теодосиќ, навредуваше судија, па доби техничка

пред 4 години

Кошаркарот на Виртус Болоња, српскиот ас, Милош Теодосиќ е казнет со 3.000 евра за неспортското однесување на мечот од италијанскиот шампионат против Реџо Емилија.

Српскиот репрезентативец го навредуваше судијата на мечот, по што заработи исклучување. Виртус беше поразен со 77-67.
На минута ипол до крајот му се втурна в лице на судијата незадоволен од една негова одлука, па доби техничка, а продолжи да се расправа со арбитарот.

Да не дојде до поголем инцидент спречи неговиот колега во тимот, Стефан Марковиќ и тренерот на екипата, Александар Ѓорѓевиќ.

Србинот може да биде задоволен што помина само со парична казна.

Share
Scroll to Top