Sayonara Tokyo, Bienvenue Paris! Ставена точка на 32. Олимписки игри

Sayonara Tokyo, Bienvenue Paris! Ставена точка на 32. Олимписки игри

пред 3 години

Во Токио денеска се стави точка на 32. Летни олимписки игри, во кои во сред пандемија на КОВИД-19, Јапонија покажа како успешно се организира големо спортско натпреварување, кое може да служи како пример за следите домаќини, како Париз, кој за помалку од три години ќе пречека над 10.000 спортисти од целиот свет на новата Олимпијада.

Претходно, за неколку месеци, не очекуваат 24. Зимски олимписки игри, исто така во Азија, односно во Пекинг, Кина.

Церемонијата започна со Такаразука ревијата, традиционален јапонски театар, кој ја испеа јапонската химна, додека претседателот на ИОЦ, Томас Бах стоеше покрај принцот Фумихито, наследникот на јапонскиот кралски трон.

„Во знак на прослава за мирниот крај на Олимпијадата, и како добредојде за спортистите кои сега не се под стрес од натпреварувањето“, беше официјалниот проглас, по што на стадионот влегоа спортистите кои веќе не се заминати по дома.

По доделувањето на медалите во машкиот и женски маратон, олимпиското знаме беше предадено од гувернерот на Токио до претседателот на ИОЦ, кој пак го даде знамето на градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Share
Scroll to Top