Абердин нема намера да го продаде Миовски

Абердин нема намера да го продаде Миовски

пред 11 месеци

Абердин по секоја цена има намера да го задржи Бојан Миовски во клубот. Македонскиот репрезентативец игра одлично од почетокот на сезоната, веќе има постигнато 14 голови во сите натпреварувања.

Пред еден месец британските медиуми објавија дека сериозен интерес за Миовски покажал великанот на шкотскиот фудбал, Селтик и членот на Чемпионшип довозијата во Англија, Саутемптон.

Медиумите тогаш тврдеа дека Селтик е подготвен да плати пет милиони фунти за Миовски.

Во меѓувреме интерес за напаѓачот покажале уште неколку клубови, Лацио и Болоња од Серија А и Ремс од француската Лига 1.

Свесен дека постои интерес за Миовски, менаџерот на Абердин, Бери Робсон, потврди дека клубот ќе му понуди нов договор на Миовски. Инаку актуелниот договор на Миовски со Абердин истекува во јуни 2026 година.

Share
Scroll to Top