Абердин ќе му подигне споменик на Алекс Фергусон

Абердин ќе му подигне споменик на Алекс Фергусон

пред 3 години

Легендарниот шкотски тренер, Алекс Фергусон, ќе добие споменик пред стадионот на Абердин. На овој начин клубот ќе му одаде признание за сите успеси што ги постигна Фергусон со овој клуб.

Алекс Фергусон, во Абердин, ја најави брилијантната тренерска кариера. Менаџер на клубот беше во периодот 1978-1986 година. Со Абердин три пати бил шампион на Шкотска, четири пати го освоил националниот Куп и победил во поранешниот Куп на победниците на куповите.

Манчестер јунајтед го презеде во 1986 година и со овој клуб освои 38 трофеи.

„Воодушевен сум и почестен од ова признание. Во Абердин минава фантастичен и незаборавен дел од својата менаџерска кариера“, изјавил Фергусон за клупската страница.

Бронзениот кип ќе се темели на фотографијата, на која Фергусон ја слави титулата со Абердин освоена во 1980 година.

Share
Scroll to Top