Австријката Линсбергер до прв триумф во слалом во Светскиот куп

Австријката Линсбергер до прв триумф во слалом во Светскиот куп

пред 4 години

Австриската скијачка Кетрин Линсбергер е победничка на денешната слаломска трка што во рамки на Светскиот куп се возеше во шведски Ареу.

Линсбергер до својата прва победа во Светскиот куп стигна со време 1:47,93 минути.

Второто место и припадна на Американката Микаела Шифрин со 0.72 секунди заостанување, додека трета беше Швајцарката Венди Холденер која доцнеше 1.65 секунди зад победничката.

Водечката во генерален пласман, скијачката од Словачка Петра Влхова денеска заврши како осма.

Влхова на една трка пред крајот во слалом има 612 бодови, втора е денешната победничка Линсбергер со 590, додека трета во генерален пласман е Шифрин со 575 поени.

Share
Scroll to Top