Ако не може да дојде до Чаби Алонсо, Барселона ќе го ангажира Де Зерби

Ако не може да дојде до Чаби Алонсо, Барселона ќе го ангажира Де Зерби

пред 10 месеци

Барселона е во потрага по тренер кој ќе го наследи Чави на крајот од сезоната. Каталонскиот клуб веќе се огради од гласините кои го поврзуваат со Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Тиаго Мота и Рубен Аморим и наводно на листата останале уште три имиња.

Италијанецот Роберто Де Зерби има најголеми шанси да ја преземе Барселона, тврди новинарот Жерар Ромеро. Де Зерби е менаџер на Брајтон со откупна клаузула од 12 милиони евра, а шпански новинар добро запознаен со случувањата во Барселона тврди дека летово уште неколку дурги клубови ќе се обидат да го ангажираат италијанскиот стручњак.

Заедно со Италијанецот, кандидати се Германец и Шпанец. Барса се поврзува со Ханси Флик и Јулијан Нагелсман, но поверојатно од нивното доаѓање е доаѓањето на Томас Тухел. Тренерот на Баерн е под договор до летото 2025 година.

Шпанската опција за наследник на Чави, според шпанските медиуми се чини дека е најмалку достапна. Станува збор за Чаби Алонсо, тренерот на Баер Леверкузен, водечкиот тим на германскиот шампионат.

Се чини дека е тешко достапен поради неговата поврзаност со Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн, каде што играше со години.

Share
Scroll to Top