Саудискиот Ал-Хилал дал официјална понуда од рекордни 300 милиони евра за напаѓачот на Пари Сен-Жермен Килијан Мбапе, сума која го надминува светскиот рекорд кој го постави токму францускиот клуб кога го купи Нејмар од Барселона за 222 милиони евра, тврди добро информираниот Фабрицио Романо.
Ова е нова епизода во сагата на Мбапе, кој е под „мраз“ во ПСЖ по ултиматумот од клубот да потпише нов договор или да биде продаден ова лето. Во францускиот клуб се уверени дека Мбапе веќе има договор со Реал Мадрид за да премине како слободен играч следното лето. ПСЖ веќе го прати Мбапе да тренира со резервите и тој не беше дел од тимот кој замина на летната турнеја.
Претходно шпекулациите велеа дека саудискиот Ал-Хилал е подготвен да го донесе Французинот на само една година, за потоа да му дозволи да замине во Реал, но тешко е да се очекува дека ќе дадат огромни пари за да го добијат на само 12 месеци.
Британскиот „Скај спортс“, пак, објавува дека пет клуба веќе контактирале со Пари Сен-Жермен за трансферот, додека шпанска „Марка“ додава дека покрај арапската понуда, за Мбапе се заинтересирани и Челси, Тотенхем и Манчестер јунајтед.
EXCL: Al Hilal have submitted formal bid to Paris Saint-Germain in order to open talks for Kylian Mbappé. 🚨🔵🇸🇦
Understand it’s worth €300m — record fee.
No talks on player side.
⚪️ PSG remain convinced that Mbappé already agreed terms with Real Madrid with contract ready. pic.twitter.com/yeDu5AQr6E
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 24, 2023
BREAKING: More than five clubs have contacted PSG this weekend about signing Kylian Mbappé 👀👇 pic.twitter.com/MqGeqW01UR
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 24, 2023
#LoMásLeído Arranca la subasta por Mbappé: Ofertón de Arabia, United, Chelsea, Tottenham… y un tapado https://t.co/TUlecXQz8c
— MARCA (@marca) July 24, 2023