Алаба ќе си го одработи договорот со Баерн

Алаба ќе си го одработи договорот со Баерн

пред 4 години

Баерн Минхен нема да го продадат Давид Алаба во зимскиот преоден рок. Одлуката клупските челници ја донеле, откако дефинитивно пропаднале преговорие со фудбалерот и неговиот менаџер, околку новиот договор.

Давид Алаба и менаџерот Пини Захави пред Баерн поставиле барања, кои клубот не сакал и не можел да ги исполни. Според „Билд“, тие барале договор на пет сезони и годишна плата од 25.000.000 евра.

Највисоката понуда на Баерн изнесувала 15.000.000 евра годишна плата, плус одредени бонуси.

Откако стана јасно дека Алаба ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, се шпекулираше дека Баерн ќе го продадат во јануари за да заработат нешто од неговиот трансфер.

Сепак, одлуката на клубот е јасна, тој во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови, но ќе остане во клубот до крајот на сезоната. Челниците на Баерн сметале дека неколку милиони што би ги добиле во јануари немале да влијаат врз финансиската ситуација во клубот, туки било многу поважно Алаба да си го одработи до крај својот договор.

Share
Scroll to Top