Хулијан Алварез се обиде со сите сили да го напушти Атлетико Мадрид и да оди во Барселона ова лето, но не успеа. Аргентинецот се чини дека го пронајде виновникот за нереализираниот трансфер.
Алварез, среде Мундијалот, јавно изјави дека сака да го напушти Атлетико Мадрид и да потпише за Барселона, но немаше поим каков хаос ќе предизвика таа изјава.
Во Атлетико беа многу лути на Аргентинецот што сето тоа јавно го кажа, и му го свртеа грбот и одбија воопшто да преговараат со Барселона во врска со неговата продажба. Настрана што Барселона понуди само 100 милиони евра и тоа не во кеш туку на три рати.
Алварез дури и ги бојкотираше тренинзите на крајот од преодниот рок, но дури ни тоа не му го донесе она што го сакаше.
За да биде уште полошо, Атлетико му даде зелено светло да оди во кој било друг клуб освен во Барселона. На крајот, тој остана во клубот бидејќи Барса е неговата единствена желба, и се чини дека ќе почека до јануари или следното лето за повторно да се обиде да ја исполни својата желба.
Алварез одлучи да се активира и да реагира, а се појавија и информации дека го пронашол виновникот за сè тргнало наопаку за време на летниот преоден рок.
Како што пишуваат медиумите во Шпанија, аргентинскиот напаѓач го обвинува својот менаџер, Фернандо Идалго за сè и постои голема веројатност дека ќе ја прекине соработката со него.
Алварез е лут на Идалго бидејќи верува дека не го советувал добро за време на трансфер сагата и дека току тој го советувал јавно да побара трансфер во Барселона, што на крајот му создаде пекол во Атлетико Мадрид.
Напаѓачот на Атлетико соработува со овој агент уште од самиот почеток на кариерата, но како што стојат работите, наскоро би можело да дојде до раскинување бидејќи нивниот однос е многу нарушен по сè.
Имаше информации дека Алварез веќе разговарал со одредени менаџерски агенции, а неодамна имал состанок со агенцијата што ја претставува поранешниот фудбалер Хавиер Пасторе.
Foto/ Depositphotos






