Алвеш: Ме правеа луд кога си отидов од Барселона, бев во право

Алвеш: Ме правеа луд кога си отидов од Барселона, бев во право

пред 4 години

оранешниот фудбалер на Барселона, бразилскиот ветеран Дани Алвеш смета дека времето покажало дека бил во право кога заминал од каталонскиот гигант поради лошото водење на клубот.

Алвеш, кој сега игра во домашниот шампионат со Сао Пауло, одговараше искрено на повеќе прашања на неговите фанови на Инстаграм, зборувајќи за тоа кој му бил најтешкиот противник, кого преферира Меси или Роналдо, и дали жали што заминал од Барселона.

„Не ми недостасува Барселона многу. Не верував во лидерите на тимот од тоа време, а подоцна времето покажа дека сум во право. Ме викаа дека сум луд, но како и секогаш, јас сум добро луд“, одговара Бразилецот.

Сепак, и покрај ова непријателство кон Барса, тој останува на тоа дека Лео Меси е најдобриот на светот, објавувајќи фотографија со Аргентинецот со порака: „Двајцата се големи, но сликата вреди илјада зборови“. Најдобар играч во одбраната за него бил вечниот ривал Серхио Рамос: „Премногу тежок играч“.

Share
Scroll to Top