Алегри ги одбил Ал-Хилал и понудата со годишна плата од 20 милиони евра

Алегри ги одбил Ал-Хилал и понудата со годишна плата од 20 милиони евра

пред 1 година

„Скај спорт Италија“ тврди дека Масимилијано Алегри одбил понуда од саудискиот Ал-Хилал која му гарантирала годишна плата од огромни 20 милиони евра по сезона, бидејќи е целосно посветен на Јувентус, кои досега покажаа огромна доверба во италијанскиот тренер.

Ал-Хилал му понудиле двегодишен договор на Алегри, но тој пристојно ја одбил понудата, иако во Јувентус заработува трипати помалку.

Ова е втор престој на Алегри на клупата на „бјанконерите“, откако првично беше тренер од 2014 до 2019 година, пред да се врати на позицијата во 2021 година.

Share
Scroll to Top