Алеиш Еспаргаро го победи Бањаја во спринт трката во Барселона

Алеиш Еспаргаро го победи Бањаја во спринт трката во Барселона

пред 1 година

Возачот на Априлија, Алеиш Еспаргаро, го победи Пеко Бањаја во спринтот пред трката за Големата награда на Шпанија. Успехот на Априлија го надополни Маверик Вињалес, кој го освои третото место.

Еспаргарот кој сезонава победи на трката во Силверстон, на шест круга пред крајот со брилијантен потег го мина актуелниот светски првак. Потоа без проблем ја сочува лидерската позиција, додека Бањаја имаше проблеми, но успеа да ја одбрани втората позиција од Вињалес.

Најдобрите десет ги комплетираа Бред Биндер, Хорхе Мартин, Мигел Оливеира, Марко Бецеки, Жоан Зарко, Енеа Бастианини и Алекс Маркез.

Share
Scroll to Top