Александер-Арнолд нема да биде на списокот за Англија?

Александер-Арнолд нема да биде на списокот за Англија?

пред 3 години

Десниот бек на Ливерпул, Тренет Александер-Арнолд нема да биде на скратениот список на англискиот селектор Герет Саутгејт, тврдат британските медиуми.

Саутгејт треба да го скрати списокот од 33 на 26 фудбалери, а според англиските медиуми 22-годишниот Александер-Арнолд, кој во март беше целосно изоставен од тимот, повторно ќе остане со куси ракави, и покрај тоа што многумина го сметаат за еден од најдобрите на својата позиција.

Саутгејт има одличен избор на таа позиција, и се очекува Рис Џејмс (Челси), Киеран Трипиер (Атлетико Мадрид) и Кајл Вокер (Манчестер сити) да бидат повикани како поискусни фудбалери. Покрај тоа, тројцата можат да играат и на различни позиции, за разлика од ТАА.

Други најверојатни кандидати за испаѓање се 19-годишниот Мејсон Гринвуд од Манчестер јунајтед, на чие место иронично би дошол уште еден фудбалер на „ѓаволите“, Џеси Лингард, кој имаше фантастична форма како позајмен фудбалер во Вест хем. Напаѓачите Оли Воткинс и Букајо Сака, дефанзивците Бен Вајт и Бен Годфри, како и голманот на Шефилд јунајтед, Арон Ремсдејл, исто така немаат големи шанси да бидат во тимот.

Share
Scroll to Top