Аналитиката вели дека Сити ќе ја освои Премиер лигата

Аналитиката вели дека Сити ќе ја освои Премиер лигата

пред 8 месеци

По ремито на Ливерпул со Манчестер jунајтед (2:2), трката за титулата во Премиер лигата е уште понеизвесна. Само еден бод на табелата ги дели Арсенал и Ливерпул од актуелниот шампион Манчестер сити.

Ваква неизвесност во борбата за шампионската титула во Премиер лигата немало од сезоната 1998/1999, кога за трофејот се бореа Манчестер јунајтед, Арсенал и Челси. На крајот Јунајтед ја освоија титулата со бод повеќе од Арсенал и четири од Челси.

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин го фаворизира Манчестер сити.

„Би се чувствувал пријатно во која било соблекувална, но особено во онаа на Сити, тие веќе го направиле тоа многу пати. И Арсенал верува дека ја освои титулата, а јас не би кревал паника по ова реми и да сум во соблекувалната на Ливерпул. Ќе видиме, ќе биде возбудливо, може да се реши гол разликата или судиска грешка“, вели Кин.

„Опта“, сервис за фудбалска аналитика, има на располагање 10.000 симулации од своите суперкомпјутери. Според „Опта“, Сити е фаворит, има 39,4 отсто шанси за титулата, Ливерпул е втор со 30,7, Арсенал трет со 29,9.

Експертите од „Грејсенут“, друга аналитичка компанија, исто така го фаворизираат Сити, дури и уште поубедливо (42 отсто), 30 отсто шанси има Ливерпул и 28 отсто Арсенал.

Распоредот до крајот на сезоната на Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити:

Ливерпул: Кристал Палас (дома), Фулам (гости), Евертон (г), Вест Хем (г), Тотенхем (в), Астон Вила (г), Вулверхемптон (д)

Манчестер Сити: Лутон (дома), Брајтон (гости), Нотингем Форест (г), Вулверхемптон (д), Фулам (г), Вест Хем (д), *Тотенхем (г) – датумот се уште не е познат

Арсенал: Астон Вила (дома), Вулверхемптон (гости), Челзи (д), Тотенхем (г), Бурнемаут (д), Манчестер Јунајтед (г), Евертон (г).

Share
Scroll to Top