„Трансфермаркт“, популарниот веб-сајт за одредување на цените на фудбалерите на фудбалскиот пазар, проценува дека англиската фудбалска репрезентација, иако го загуби финалето од ЕУРО 2020 од Италија е највредната репрезентација на светот и единствена која вреди над милијарда фунти.
Тимот на Герет Саутгејт, полн со млади фудбалери со голем потенцијал, вреди 1.06 милијарди фунти, што значи дека се поскапи и од светските шампиони Франција, кои вредат околу 931.5 милиони фунти. По нив следуваат европските шампиони Италија, па Бразил и Германија во топ 5.
ТОП 20 НАЈВРЕДНИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ
1.Англија 1.06 милијарди фунти
2.Франција 931.5 милиони фунти
3.Бразил 875.16 милиони фунти
4.Италија 797.4 милиони фунти
5.Германија 793.8 милиони фунти
6.Шпанија 656.55 милиони фунти
7.Португалија 634.5 милиони фунти
8.Аргентина 620.55 милиони фунти
9.Холандија 589.5 милиони фунти
10.Белгија 441.45 милиони фунти
11.Србија 325.17 милиони фунти
12.Хрватска 321.57 милиони фунти
13.Уругвај 314.69 милиони фунти
14.Брег на Слонова Коска 287.17 милиони фунти
15.Турција 278.19 милиони фунти
16.Сенегал 269.1 милиони фунти
17.Данска 268.65 милиони фунти
18.Норвешка 243.99 милиони фунти
19.Послка 239.31 милиони фунти
20.Шкотска 211.9 милиони фунти