Англија подготвува постепено враќање на навивачите на стадионите. Фудбалската асоцијација (ФА), со владата на Велика Британија, постигнала договор, финалето во Лига купот да се одигра пред однапред одреден број на навивачи.
Англиските медиуми пишуваат дека финалето Манчестер сити-Тотенхем ќе го следат помеѓу 4.000 и 8.000 навивачи. На „Вембли“, финалето ќе можат да го следат здравствени работници и локални жители.
Во наредниот период ќе бидат објавени условите под кои ќе биде дозволен влез на стадионот.
Финалето во Лига купот ќе се одигра на 25.мај. Овој меч треба да биде генерална проба за постепено враќање на навивачите и на натпреварите од Премиер лигата.