Анчелоти: Најдобро е секоја година да се игра светско првенство

Анчелоти: Најдобро е секоја година да се игра светско првенство

пред 3 години

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е уште еден од противниците на идејата, светските првенства да се играта на две години. Оваа идеја која ја поддржа ФИФА, прв во јавноста ја презентираше Арсен Венгер.

„Светско на две години? Кога веќе одиме во таа насока, најдобро би било да се игра секоја година“, рекол Анчелоти и дополнил.

„Пренатрупаниот календар е голем проблем за фудбалот. Мора нешто да се менува. Се играат натпревари кои не значат ништо. ФИФА и УЕФА мора да размислат што прават. Играчите се под голем притисок, тоа мора да се реши што е можно побргу“.

Share
Scroll to Top