Арсенал со најмал посед на топка во финалните мечеви во ЛШ

Арсенал со најмал посед на топка во финалните мечеви во ЛШ

пред 1 час

Фудбалерите на Арсенал не играа фудбал во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен – и затоа не ја освоија титулата.

Тимот на Микел Артета му се спротивстави на технички супериорниот ривал со строго дефанзивна игра од која само спорадично развиваа игра со додавања и контранапади.

Таква игра, претежно без топка, речиси и не можеше да им ја донесе титулата европски шампион на „топџиите“, кои, на крајот, потклекнаа по продолженијата и изведувањето на пенали.

Ќе остане забележано дека тимот на Артета имаше посед на топката само 24,7% од времето во финалето, што е најмал посед за финалист на Лигата на шампионите од сезоната 2003/2004.

Исто така, ова е најмалиот посед на топка на Арсенал откако Артета седна на клупата на лондонскиот тим.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top