Атаман уште пет години во Панатинаикос

Атаман уште пет години во Панатинаикос

пред 3 месеци

Сопственикот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, објави дека Ергин Атаман ја продолжил соработката со „зелените“ на уште пет години.

Јанакопулос на Инстаграм порача дека Панатинаикос со Атаман и силен ростер ќе атакува на 11-те европски шампионски титули на Реал.

„Зелените“ во моментов се третиот најтрофеен клуб во историјата на Евролигата со седум трофеи (ЦСКА е втора со осум).

Планот на Јанакопулос е јасен – во следните пет години со Атаман на клупата сака да ја освои Евролигата пет пати.

Турскиот тренер во својата прва сезона во клубот ја освои Евролигата, а понесен од тој успех, амбициозниот шеф на „зелените“ посакува исто сценарио и во следните пет години.

„Ако си поставил цел да ги освоиш следните пет Евролиги и да го престигнеш Реал, освен да потпишеш со најдобрите играчи, мора да се погрижиш маестрото да остане жител на Атина и во наредните години“, напиша Јанакопулос покрај фотографијата на прослава на европската титула со Атаман.

Share
Scroll to Top