Атланта Хокс изборија пласман во финалето на Истокот

Атланта Хокс изборија пласман во финалето на Истокот

пред 3 години

Кошаркарите на Атланта Хокс, со победата 103:96 во седмиот натпревар против Филаделфија Севентисиксрес, изборија пласман во финалето, во Источната конференција. Атлната по пауза од шест години повторно ќе се бори за титулата на Истокот. Противник во финалето на Хокс е им бидат Милвоки Бакс.

Победникот, во исклучително драматичниот натпревар, беше решен во последната минута. Најпрвин бекот на Хокс, Кевин Хертер, мирно реализираше три слобдни фрлања, а во наредниот напад, ветеранот Данило Галинари му ја украде топката и со забивање го заврши контранападот (98:92).

Во пенал завршницата, Хокс немаа проблеми да ја сочуваат победата.

Хертер ги предводеше Хокс со 27 поени, Тре Јанг забележа 21 поен и 10 асистенции, Галинари постигна 17, а Џон Колинс постигна 14 поени на кои придодаде 16 скокови.

За Хокс играше и повредениот Богдан Богдановиќ, на теренот мина 21 минута и постигна четири поени.

Филалдефија, слично како и минатата сезона и оваа ги разочара своите навивачи. Овој тим не успеа да дојде до финалниот меч и покрај тоа што регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место во Источната конференција.

Џоел Ембид, забележа 31 поен и 11 скокови, но немаше поддршка од соиграчите. Тобајас Херис постигна 24 поени но со реализиција од 30 отсто, Сет Кари уфрли 16 поени.



Share
Scroll to Top