Атлетико Мадрид е еден од клубовите кои се одметнаа од УЕФА и ја формираа Суперлигата. Челниците на клубот од „Ванда Метрополитано“, откриле дека немале многу време за размислување, кога во четвртокот добиле покана да влезат во ова друштво.
Во клубот веруваат дека го направиле вистинскиот избор, сметаат дека би било неодговорно кон навивачите, доколку ја одбиеле поканата да им се приклучат на најголемите ривали Реал и Барселона.
Атлетико, исто така, сакале и да ја исклучат можноста Севилја да биде третиот клуб од Шпанија. Од клубот се сигурни дека Севилја очекувале да бидат поканети, иако од Андалузија вчера излегоа со став дека не сакаат да играат во таа лига и дека во целост ја поддржуваат УЕФА.
Според директорите на Атлетико, за да не влезе Севилја во Суперлигата, тие експресно ја прифатиле поканата да играат во новото натпреварување.
Ставот на Атлетико е дека дијалог помеѓу двете страни ќе има и дека разликите ќе бидат надминати.