Олимпик Марсеј играше со фудбалер помалку од 24.минута, имаше водство од 2:0 сѐ до финишот, а потоа се појави Жан-Ауде Ахолу и за две минути постигна два гола, во 88. и во 89.минута, и донесе реми за Стразбур.
Црвен картон во редовите на Олимпик Марсеј доби Леонардо Балерди во 24.минута, а Шансел Мбемба во 49.минута и Алексис Санчез од пенал во 76.минута, донесоа предност за домаќинот од 2:0. Но, и тоа не беше доволно за победа.