Фудбалерот на Баерн, Рафаел Гереиро, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, бидејќи неговиот договор, кој истекува на лето, нема да биде продолжен.
Гереиро пристигна во Баерн како слободен агент откако му истече договорот со Борусија Дортмунд во летото 2023 година.
32-годишникот досега има 89 настапи за Баерн. Со Баварците ја освои титулата во Бундеслигата и Суперкупот на Германија.
Примарна позиција на Португалецот е лев бек, но може да игра и во средниот ред. Во Баерн, тој дури играше како десен бек и крилен напаѓач.
Гереиро постигна 12 гола и запиша осум асистенции во дресот на актуелниот шампион на Германија.
Оваа сезона одигра 13 натпревари, со три гола и две асистенции.
Баерн е лидер во Бундеслигата со 70 бода, додека второпласираната Борусија Дортмунд има девет помалку.
Foto/ depositphotos






