Фудбалскиот клуб Баерн Минхен, потврди дека најдобриот играч во светот, Роберт Левендовски, поради повреда, ќе отсутува од тимот најмалку четири недели.
Повредата на стрелецот на 42 гола оваа сезона, доаѓа во клучниот дел од сезоната. Левендовски ќе ги пропушти двата натпревари во четврт-финалето, во Лигата на шампионите, против ПСЖ.
„Левандовски има истегнување на лигаментите на десното колено. Ќе отсуствува најмалку четири недели“, се истакнува во клупското соопштение.
Левандовски се повреди настапувајќи за својата репрезентација во победата над Андора (3:0).