Миа Блажевска-Еминова денес настапи во квалификациите на 100 метри слободно на Олимписките игри во Токио.
Блажевска-Еминова, настапи во втората квалифиакциска група. Во конкуренција на седум други натпреварувачки таа го освои првото место со резултат 57.19 секунди. Овој резултата е за шест стотинки послаб од личниот рекорд на македонската репрезентативка.
Иако победи во својата група Блажевска-еминова не успеа да се пласира во полу-финалето.