Балотели ослободен од обвинувањата за силување, бил жртва на уцена

Балотели ослободен од обвинувањата за силување, бил жртва на уцена

пред 3 години

Марио Балотели, поранешната италијанска фудбалска ѕвезда, кој сега игра за турскиот Аданаспор, е ослободен од обвиненијата дека силувал 16-годишна девојка во Франција, откако судијата одлучи дека тој е жртва на уцена за 100.000 евра.

Балотели постојано тврдеше дека имал консензуален секс со тинејџерката додека бил на одмор во 2017, кога беше фудбалер на францускиот клуб Ница, по што тој самиот ја контактирал полицијата три недели пред девојката да го пријави случајот.

Доказите, како телефонски разговори, покажале намера да се изнудат 100.000 евра од Балотели, по што судијата во неговиот роден град, Бреша го затвори случајот.

„Балотели е задоволен бидејќи се работеше за неприфатливо и навредливо обвинение. Штета за девојката, која покажа дека била само инструмент во рацете на возрасен човек без скрупули“, изјави адвокатот на Балотели.

Share
Scroll to Top