Барса бара замена за Левандовски – ќе пристигне бесплатно и ќе ја чини 80 милиони евра

Барса бара замена за Левандовски – ќе пристигне бесплатно и ќе ја чини 80 милиони евра

пред 8 часа

Роберт Левандовски продолжува да игра во одлична форма и со 14 гола е убедливо водечки стрелец во Ла Лига (второпласиран Винисиус со осум) и еден од најдобрите играчи.

Сепак, полскиот напаѓач има 36 години и Барселона е во потрага по негов наследник.

Според шпанските медиуми, таа го пронашла во Џонатан Дејвид, 24-годишниот канадски репрезентативец кој погодува за Лил. Самиот Дејвид пред неколку дена изјави дека „доаѓањето во Барселона, клубот за кој навива уште од детството, би било исполнување на сонот“, а тој сон би можел да се оствари следната година на лето.

Дејвид е договорно поврзан со францускиот клуб само до крајот на сезоната и Барселона ќе може да го доведе, доколку така одлучи. Таа не треба да потроши ниту цент за тој трансфер, но шпанските медиуми наведуваат дека целата зделка ќе ја чини околу 80 милиони евра, колку што би барал во плата и бонуси во четиригодишен договор.

Давид оваа сезона за Лил постигна 13 гола на 19 натпревари. Неговите голови во Лигата на шампионите сезонава ги уништија Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а заслужен е и за бодот против Јувентус.

Share
Scroll to Top